Проектот

код: 2024-1-IT02-KA220-HED-000255158
SMILE
Skill Match in an Intelligent Learning Environment
(Синхронизација на вештините во интелигентно образовно опкружување)
Проектот SMILE има за цел да создаде обновена синергија помеѓу високообразовните институции (ВОИ) и малите и средните претпријатија (МСП), фокусирана на заеднички јазици, методи, технологии и заеднички визии, способна да ја намали неусогласеноста помеѓу побарувачката за вештини наметната од производствените системи и понудата генерирана од високите образовни системи.
Денес, високото образование во ЕУ потребно e да преземе напредно планирање (фокусирано на иднината) на редовна основа бидејќи е клучно да се прилагодат соодветните системи кон новите трендови на „твин (двојна) транзицијата“, која ги поттикнува МСП во ЕУ да ги развиваат своите професионални системи, создавајќи потреба за прилагодување на вештините, вклучувајќи ја и побарувачката за нови професионални профили.
„ВИ и автоматизацијата не се само алатки во нивната кутија со алатки; тие се вистински средства кои овозможуваат промени. Тие ви овозможуваат да иновирате, да се прилагодите побрзо од било кога, и да растете. Да сонувате поголемо“
Rob Enslin – главен извршен директор на UiPath
Дигитализацијата на процесите на насочување, обука и вработување, за кои традиционално и вообичаено биле применувани конвенционалните практики на анализа и развој, може и мора, во актуелниот контекст на твин (двојна) транзиција и значајните глобални притисоци, да бидат поддржани од технологии за бизнис интелигенција за да се намалат маргините на грешка, да се предвидат трендови и брзо да се прилагодат програмите во високото образование за подобрување на конкурентноста на индустриските контексти на ЕУ.
Клучни
цели
Отклучете ја моќта на ВИ
за справување со неусогласеноста на вештините !
Партнерство
Дознајте повеќе за партнерите кои овозможуваат промени во проектот SMILE!
Ние сме 9 партнери од 4 земји на ЕУ и 1 земја надвор од ЕУ, вклучувајќи меѓународни институционални мрежи, стопанска комора, академски институции, мрежа за обуки, консултантски и истражувачки мрежи.
ИТАЛИЈА
Кои сме ние и што можеме да направиме за вас
Можеме да обезбедиме технички, методолошки и технолошки придонеси, обезбедувајќи научни строгост во развојот на моделот заснован на ВИ за управување со луѓе и за иновирање во кариерно насочување и обука, зголемувајќи ја вработеноста кај студентите и конкурентноста на МСП .
CONFORM SCARL
Consulenza Formazione e Management
Consulenza Formazione e Management
Collina Liguorini, snc – 83100 Avellino
+39 0825.1805405
[email protected]
CONFORM S.c.a.r.l. активно работи од 1995 година на национално и меѓународно ниво, промовирајќи истражувачки проекти, планови за обука, организирани во формати со физичко присуство, експериментални и е-учење, консултантски активности за компании и поединци, изготвување на традиционални планови за комуникација и со употреба на нови медиуми, аудиовизуелни и филмски продукции, реализација на VR, AR и MR решенија и игри, развој на гејмификација и маркетинг стратегии базирани на игри, со поддршка на стручен персонал и тим од тренери, консултанти и менаџери, носители на успешни искуства, како и мрежа со над 250 национални, европски и меѓународни партнери.
UNISI
University of Siena
University of Siena
Banchi di Sotto, 55, 53100 Siena
+39 0577 235555
[email protected]
Università degli Studi di Siena (UNISI) ) обезбедува студии на прв циклус, втор циклус и поединечен долг циклус на следните факултети: Економски, Фармација, Право, Инженерство, Уметност и хуманистички науки, Уметност и хуманистички науки во Арецо, Медицина и хирургија, Математички, Физика и природни науки и Политички науки, како и неколку интерфакултетски програми. Unisi во текот на годините има стекнато искуство во координација и управување со европски проекти, одржување на целта за следење на ефикасноста на научниот и техничкиот напредок и обезбедување имплементација за постигнување на очекуваните резултати. Истражувачкиот тим на Unisi вклучен во проектот SMILE има меѓународна експертиза во настава за иновации и трансформативно учење. Тимот соработува и е вклучен во активности за едукација на професори и развој на факултетот што се спроведуваат на Unisi.
Тимот е составена од Prof. Alessandra Romano, Dr. Giovanni Gottardo, Dr. Francesca Bulletti и Dr. Sara Rossi.
MEDITECH
Competence Centre 4 Innovation
Competence Centre 4 Innovation
Via Corso N. Protopisani, 70 80146 Napoli
+39 329 444 6272
[email protected]
Consorzio MedITech – Mediterranean Competence Centre 4 Innovation (скратено, MedITech) е јавно-приватно партнерство признаено од Министерството за претпријатија и произведено во Италија (Ministry of Enterprises and Made in Italy) како национален центар на експертиза со висока специјализација во овозможување дигитални технологии.
Приоритетните областите на развој вклучуваат создавање и сертификација на податочни простори, развој на Fiware решенија, експериментирање на квантни комуникациски мрежи, создавање модели на вештачка интелигенција, развој на IoT решенија, експериментирање со блокчејн. MedITech е исто така активен во развивање и понуда на сеопфатно надградување/обновување на вештини и обезбедување поддршка на програмите за инкубација и старт-апи.
ПОЛСКА
Кои сме ние и што можеме да направиме за вас
Гарантираме ригорозно унапредување на резултатите од проектот и нудиме сеопфатен бизнис изглед кој ја проширува врската помеѓу ВО и претпријатијата иницирана од проектот на широка мрежа на партнерски МСП.
PUEB
Poznan University Of Economics
Poznan University Of Economics
Niepodległości 10,61-875 Poznań
+48 61 856 90 00
[email protected]
PUEB – Poznan University of Economics And Business – нуди образовна програма која ги одразува глобалните стандарди во менаџмент образованието и најактуелниот напредок во економската мисла и развојот на бизнисот. Како еден од најстарите и најпрестижни институции од ваков вид во Полска, PUEB е специјализиран за обука на бизнис лидери, врвни менаџери, економски експерти и професионалци од јавниот сектор. Наставните програми ориентирани кон пракса ги опремуваат студентите со алатки за навигација на економските реалности и донесување информираат одлуки. Повеќе од една деценија, PUEB соработува со водечки компании преку PUEB клуб за партнерство, каде деловните експерти споделуваат сознанија и решенија на предизвиците од реалниот свет.
WIPH Wielkopolska
Chamber of Commerce & Industry
Chamber of Commerce & Industry
Marcin Street 24/402 61-805 Poznan
+48 61 8690 100
[email protected]
Wielkopolska Chamber of Commerce and Industry ги застапува интересите на компаниите, како на домашниот пазар, така и во странство. Нејзината мисија е да го поддржи развојот на претпријатијата и ефективно да ги претставува нивните интереси, со особено внимание посветено на малите и средни компании. Тимот на WIPH е ангажиран и вклучен во различни видови бизнис иницијативи, промоција на претпријатијата од регионот и зближување на партнерите. Водиме комерцијални преговори, организираме семинари, вебинари и конференции. Едно од нашите ограноци е одделението за легализација на трговските документи кое ни овозможува да останеме во контакт со поголеми компании. Исто така, обезбедуваме различни видови на услуги поврзани со европските иницијативи.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Кои сме ние и што можеме да направиме за вас
Гарантираме робустен развој на резултатите од проектот, комбинирајќи различни дисциплини за да ги вградиме во паметни технологии за трансформативна поддршка во кариерата и подобрена стапка на вработеност кај студентите
УКИМ
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Булевар Гоце Делчев 9, Скопје 1000
+389 2 329 3293
[email protected]
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје (УКИМ) е најголемиот државен универзитет во Северна Македонија кој се истакнува во различни академски области вклучувајќи технички, природни науки, уметнички, медицински и општествени науки. УКИМ има силно меѓународно присуство преку активно учество во бројни европски и меѓународни образовни мрежи. Економскиот факултет – Скопје при УКИМ ќе придонесе на проектот SMILE со неговата експертиза во образованието, дигиталните и зелените транзиции и претприемништвото. Активностите на факултетот поврзани со иновации во наставните програми и развој на вештини ќе се усогласат со целите на проектот за надминување на јазот помеѓу понудата што ја нуди образованието и потребите на пазарот во областите на дигитализација и одржливост.
БЕЛГИЈА
Кои сме ние и што можеме да направиме за вас
Можеме да го поврземе проектот со меѓународни високообразовни мрежи, служејќи како агрегатор и чувар на квалитет, обезбедувајќи технички придонеси за подобрување на кариерното насочување, наставата и поставеноста прилагодени на уникатните потреби на МСП
EFMD GLOBAL
Непрофитна организација водена од членство
Непрофитна организација водена од членство
Rue Gachard 88 – box 3 1050 Brussels
+32 2 629 08 10
[email protected]
EFMD е глобална мрежа на високообразовни институции. Таа е меѓународно признато тело за акредитација на бизнис школи, универзитети и програми за корпоративно образование. EFMD ги поврзува високото образованието и бизнис секторот преку нејзините глобални конференции и настани, достигнувајќи мрежа од 30.000 професионалци во образованието за менаџмент. EFMD има огромно искуство со управување и учество во меѓународни проекти од областа на високото образование, покривајќи теми како иновации во наставните програми и дигитална трансформација.
ШПАНИЈА
Кое сме ние и што можеме да направиме за вас
Обезбедуваме научно издржан развој на резултатите од проектот и придонесуваме за широка деловна перспектива која ја проширува врската помеѓу ВО и претпријатијата активирана од проектот на широка мрежа на здружени МСП.
CCSEV
Chamber of Commerce of Seville
Chamber of Commerce of Seville
Plaza de la Contratación, 8 – 41004 Sevilla
+95 5110898
[email protected]
Официјалната Chamber of Commerce, Industry, Services and Shipping of Seville (CCSEV, Севиња, Шпанија) е непрофитна јавна корпорација основана како советодавно тело.
CCSEV промовира развој на бизнисот, претприемништво, интернационализација, дигитални иновации и зелена транзиција преку неколку услуги и активности и работи во тесна соработка со јавните власти.
UHU
University Of Huelva
University Of Huelva
Calle Dr. C. Cuadrado, 6, 21004 Huelva
+34 959 21 81 02
[email protected]
University of Huelva е образовна институција целосно усогласена со Агендата 2030, посветена на еднаквост, рамноправност и одржливост, како и активно ангажирана од аспект на социјален и економски контекст. Иако Универзитетот е основан во 1993 година, тој се потпира на искуството на претходните образовни институции кои датираат од 1859 година, постигнувајќи значителен напредок во образованието, истражувањето и трансферот на знаење. Како универзитет од средна големина, нуди пријатна атмосфера за 12.500 студенти, вклучувајќи 1.300 студенти на постдипломски студии. Универзитетот има околу 1.000 членови образовен кадар и над 400 административен кадар. Универзитетот нуди 39 додипломски програми, 40 официјални магистерски програми и 11 докторски програми, сите приспособени да ги задоволат тековните барања на индустријата. University of Huelva е исто така членка на алијансата „ PIONEER “ која има за цел да ги трансформира европските универзитети преку поттикнување врски со екосистемите за да се развие следната генерација на иноватори и креатори на знаење.
Резултати
Зајакнување на образованието со решенија базирани на ВИ!
Денес, заинтересираните страни во високото образование и претставниците на МСП треба да преземат заеднички активности за промовирање на модел на високо образование што ја користи ВИ за да ги толкува неизразените потреби на МСП, балансирајќи ги со очекувањата на студентите од високото образование за да се максимизира ефикасноста на понуденото образование.
01. „SMILE“ МОДЕЛ
како иновативна алатка која ја користи вештачката интелигенција за да ги поддржи системите за насочување и вработување во ВО во аналитичко читање на потребите на пазарот и обуката
02. 4-ДНЕВНА МЕЃУНАРОДНА МОБИЛНОСТ
каде што што „судиите“ од ВОИ ќе бидат усогласени со интелигентниот и предвидувачки пристап кон процесите на насочување во кариерата, обука и вработување
03. ОТВОРЕНА МРЕЖА ЗА ПОВЕЌЕ ВКЛУЧЕНИ СТРАНИ
ќе го поддржуваат продолжувањето на усвојувањето на моделот SMILE, како референца на ЕУ што ќе ги придружува ВОИ во намалувањето на неусогласеноста на вештините
04. ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ
во форма на онлајн содржини за микроучење и видео упатства за одржување на дигитални, зелени и интернационализирачки вештини и решенија со текот на времето
Професори/Кадар за кариерно насочување/Експерти за вработување
Обучени студенти
ООР: 4 содржини за микроучење
и 4 видео упатства
Застапени предметни области
Екс-анте и екс-пост
Процеси на евалуација
Лица вклучени во мобилност:
12 со физичко присуство и 12 онлајн
ВО/СОО (анг. Vet)/ МСП лица
Вклучени во отворената мрежа
Достигнати засегнати страни
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАК И ПРОЧИТАЈТЕ НОВОСТИ
Новости
Билтени
СЛЕДЕТЕ НЕ
Билтени
Во овој дел можете да ги преземете билтените кои содржат информации за проектните активности.